Во Охридското езеро денеска се удави едно лице.Н еофицијално станува збор за момче од Куманово кое пред малку е пронајдено мртво откако попладнево заедно со друга група на момчиња се возеле на педалинка, а тргнале од плажата Магнус. Момчето паднало од педалинката. Во тек е увидот од страна на полициски екипи и се работи на утврдување на идентитетот на лицето, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за Курир. Охридската полиција пред околу два часа добила пријава дека во водите на езерото кај плажата Магнус исчезнало машко лице откако скокнало во Охридско од пловен објект, по што не се појавило на површината. Димоски вели дека екипа на езерската полиција веднаш излегла на терен, по што по извршената потрагата било пронајдено безживотно тело на машко лице кое било извлечено од езерото.
Поврзани објави
Таткото на Вања го организирал киднапирањето !
Мотивот е користољубие да се изнудат пари од мајката на Вања. Со возилото од фризерот од Велес е…
Седумдесетина луѓе повредени во вчерашниот пожар во хотелот „Буши“
За малку е избегната трагедија вчера во Старата скопска чаршија, а само брзата реакција на противпожарната единица спречила…
Уапсен Дедо Мраз си ги убил децата
Поранешен вработен како Дедо Мраз во маркет на Волмарт, е уапсен за убиство на своите две деца откако…
Четиригодишно девојче во болница откако испило пет апчиња оставени на маса
Вчера во 11.10 часот во СВР Тетово, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив било донесено…