Левица: До каде е истрагата на Обвинителството за хакирањето на сајтот на ДИК?

Партијата Левица реагира дека и по повеќе од еден месец, од Обвинителството сѐ уште нема информации до каде е предистражната постапка за хакирањето на сајтот на ДИК по завршувањето на гласањето на изборите на 15 јули.

-Бараме ОЈО и МВР јавно да соопштат до каде е постапката за очигледниот инжинеринг на денот на изборите, кога за прв пат откако во 2006 година ДИК беше дигитализирана, граѓаните не можеа да го следат броењето на гласовите и резултатите, што дополнително го поткопува легитимитет на новата власт чие конституирање беше проследено со низа скандалозни прекршувања на законите и Деловникот“, пишува во соопштението на Левица.

Од партијата велат и дека изјавите на претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, дека нападот на интернет страницата немал влијание врз изборниот резултат се ноторни лаги.

-Дополнително, сомневањата дека се работи за координиран напад на службите со цел манипулирање на изборните резултат ги подгрева однесувањето на МВР, кое наместо да постапи по службена должност, чекаше пријава од ДИК која пристигна дури наредниот ден, велат од партијата.

Total
0
Shares
Поврзани објави