Амбасадорите на планинарење по повод Денот на независноста

Под мотото “Ние сме НАТО”, а по повод Денот на независноста 8-ми септември, на падините на Бистра во тек е планинарска тура на која учествуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како и неколку амбасадори во земјава.

Целта на планинарењето е запознавање со природните убавини на Македонија, а дипломатите меѓудругото ќе имаат можност да го пробаат традиционалното сирење и да се запознаат со процесот на негова подготовка.

Како што рече министерката на првата пауза од пешачењето, инспирација за настанот е тоа дека сите височини се достижни ако се има план, слично како и со освојувањето на планинските врвови.

Потенцирајќи ги природните убавини на Македонија, пак, амбасадорките на САД и на Британија Кејт Брнз и Рејчел Галовеј најавија продолжување на соработката на сите полиња и зацврстување на партнерството.

Планинарењето се одвива во соработка со Асоцијацијата на интернационални водичи и Здружението за заштита и спасување на планина.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Владата предложила измени на Кривичниот законик по скратена постапка со кои се предвидува намалување на затворските казни за злоупотребата на службената должност

Владата до Собранието предложила измени на Кривичниот законик по скратена постапка со кои се предвидува намалување на затворските…