Приведени 26 танчерки од угостителски објект во Тетово

При синоќшешната контрола од полициски службеници, во угостителски објект лоциран покрај автопатот на стариот пат Тетово – Скопје, биле затекнати 26 женски лица кои работеле како танчерки.

Од мнив, две биле македонски државјанки, а 24 странски државјанки (пет од Русија, седум од Украина, седум од Албанија, три од Србија и по една од Молдавија и Босна и Херцеговина), информираат од МВР од каде што додаваат дека девојките се приведени.

Сопственикот на објектот М.А. (68) е повикан во Полициската станица Тетово.

Total
0
Shares
Поврзани објави