Мајка спаси глава од насилен син

СВР Скопје-Единица за насилен криминал до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против 47-годишниот В.С. од Скопје, поради обид за убиство.

На 21 септември годинава во семејниот дом, пријавениот ја нападнал својата мајка А.С. нанаесувајќи и тешки телесни повреди, доведувајќи ѝ го животот во опасност. 

Полицијата извршила увид на местото на настанот и во координација со Јавен обвинител пријавениот бил лишен од слобода, спроведен и хоспитализиран во Јавната здравствена установа, Психијатриска болница во Скопје.

Total
0
Shares
Поврзани објави