Двомесечно бебе од Битола е меѓу новозаразени случаи за кои вчера информираа здравствените власти.
Во Битола вчера беа регистрирани вкупно 12 нови случаи, а од податоците кои ги објавува Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Битола, се гледа дека најмладиот позитивен пациент од нив е на возраст од 2 месеци.
Бебето е со лесна клиничка слика а заразена е и мајката. Првично вирусот се пренел од бабата.