Обвинителката Лидија Раичевиќ , кандидат за нов Јавен обвинител денеска изјави дека доколу ја добие функција очекува позитивни рефирми во обвинителството и поголема доверба на граѓаните во институцијата.
“Времето е премногу тешко и мислам дека обвинителската историја ќе забележи ваков момент кога се избира државниот јавен обвинител. Но тоа е уште поголем предизвик и затоа јас решив како влог и должност кон институцијата во која работам да го прифатам овој предизвик и конкурирам. Се разбира тоа е само еден дел од мотивот, состојбите се многу сложени јас сум свесна наполно за тоа, но и очекувам дека ќе почнат изборите на државните јавни обвинители да добиваат објективни критериуми за што ова е еден вид на тест.
Верувам дека ЈО и ќе се промени и може добро да работи да ја добие својата позиција и ќе биде институција достојна за почит. Ви тврдам дека тоа може да се постигне без оглед на сите искушенија и притисоци “, изјави обвинителката Раичевиќ која водеше и води познати предмети во јавноста од организиран криминал. Таа е обвинител во предмет против Љубе Бошкоски, а последниот кој го доби е предметот Еразмус , против професори од Економскиот факултет.
Поврзани објави
Цементарница Усје веднаш го реши проблемот на возачите кои несоодведно чекаа ред на нивни шалтер
Цементарница Усје во текот на денот ги превзеде сите неопходни мерки за комплетна заштита во возачите кои утринава…
Алијанса за Албанците ја „скрои“ листата на директори
Сега веќе владејачката партија Алијанса за Албанците направи избор на директори на институции коишто ќе му ги предложи…
Спречен обид за криумчарење мотоцикли
Македонски увозник се обидел меѓу пријавена стока за царинење да криумчари стока во вкупна вредност од 473.632 денари.…
120 евра казна за брзо возење на електричен тротинет
Казна ако не се носи елек е 50 евра, за движење по улица 80 евра, а доколку се…