Заев: Преговори нема да почнат ако Софија остане на условите

Премиерот Зоран Заев вели дека земјата нема да почне преговорите со Европската унија ако Бугарија остане на нивните барања. Заев смета дека предлозите на Софија не можат да бидат ни братство, ниту најмалку европски.

„Ако тоа така остане треба да го подготвиме македонскиот народ дека може да не отпочне првата меѓувладина конференција која ја очекуваме во декември. Но, јас верува дека тоа не став на премиерот Бојко Борисов, мојот пријател и брат, верувам дека тоа не е став ниту на бугарскиот народ и ќе направиме сè овие претстојни денови да изнајдеме решение“, рече Заев.

Тој потенцира дека со Борисов до сега решиле пет историски личности и три историски периоди, верувајќи дека ќе биде решен и четвртиот.

„Ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик и верувам дека таквите вредности ќе опстојат комплетно и во нашите соседи“, вели Заев.

Тој е убеден дека и претседателите на двете земји Пендаровски и Радев ќе дадат поддршка на овој процес за да се покаже дека двете земји кои се братски поврзани, имаат европски вредности.

Total
0
Shares
Поврзани објави