Ниту еден канидат не е избран за обвинител во обвинителството за гонење организиран криминал

На денешната седница на Советот на јавните обвинители не беше избран ниту еден од шестмината пријавени обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

На огласот требаше да се изберат четворица обвинители.

Поддршката на членовите не ја добија пријавените кандидати: Арсим Адеми, Милица Гаврилова, Маја Коневска, Верица Беджетска Крстева, Елизабета Јосифовска и Златко Биковски.

Обвинителката Милица Гаврилова од 2018 година е обвинител во Организиран. Поддршката не ја доби и Маја Коневска, која веќе три мандати е дел од ова обвинителство. За нејзиниот неизбор реагираше Фиданка Рајевска, која истакна дека Конневска требало и понатаму да остане дел од ова обвинителство.

Поддршката на Советот не ја доби ниту гостиварскиот обвинител Арсем Адеми, како и Верица Беджетска Крстева, која доаѓа од скопското обвинителство.

Против избор на обвинителката Елизабета Јосифовска гласаа речиси сите членови, а за неа во моментот се води дисциплинска пистапка за претресот во Управата за финансиска полиција. Поради дисциплинска постапка не беше избран ниту обвинителот Златко Биковски од Берово.

Претседателот на Советот, Антонио Јолески, истакна дека се пријавени мал број на кандидати, иако очекувале повеќе и тоа од помладите обвинители.

Total
0
Shares
Поврзани објави