Северна Македонија не ги исполни обврските на ГРЕКО

Северна Македонија генерално не ги исполни обврските дадени на 22 јуни 2018 година од Групата земји против корупцијата при Советот на Еропа (ГРЕКО), за кои земјата имала рок да ги примени до 30 септември лани.

ГРЕКО потенцира дека најголемиот дел од 13-те препораките за македонските пратеници, судиите и за обвинителите, се само делумно спроведени или се неспроведени.

Земјата има уште една година да ги исполни во целост препораките од ГРЕКО, односно мора да ги преземе мерките за спречување на корупцијата на врвните носители на јавни функциии од законодавната и судската власт.

Тие сметаат дека фалат механизми за спроведување на Кодексот за етичкото однесување на пратениците и дефинирање прекршоци како и заострување на казнените мерки.

„Одредбите за конкретни мерки што треба да се преземат во случај на можен судир со приватен интерес на пратеникот не се јасни. Одредбите за подароците се повторливи и контрадикторни. Одредбите кои се преклопуваат не се прилагодени на начинот којшто беше побаран претходно“ вели ГРЕКО и бара подигањето на свеста и едукацијата на пратениците за Кодексот.

Во однос на превенцијата на судир на интереси и прифаќање на подароци, ГРЕКО потсетува дека генерално Кодексот не содржи одредби за начинот на однесување и постапување.

Тие забележуваат дека не е донесен Законот за лобирање, каде треба да се воведе правила за односите на пратениците со лобисти или други лица што сакаат да влијаат, додека тоа прашање не е третирано ниту во Кодексот за пратениците.

Во врска со казнените мерки за пратениците за повреда на правилата, ГРЕКО ја фали антикорупциска комисија, која известува за анкетни листови за податоците, но нема доследни и убедливи податоци за конечниот исход по постапките.

Во однос на спречување на корупција кај судиите, ГРЕКО бара отстранувањето на министерот за правда од Судскиот совет да се направи преку уставни реформи.

Total
0
Shares
Поврзани објави