Поранешниот директор на Фондацијата отворено општество Македонија, Владимир Милчин, смета дека Гоце Делчев се борел и загинал за Македонија, а премиерот Зоран Заев нема мандат да ја прекројува историјата.
Милчин, кој е поддржувач на премиерот Заев, тврди дека Делчев се борел и загинал за Македонија и неговата борба е македонска!
Тој оценува дека Бугарија треба да се извинува за македонските евреи, кои се жртви на бугарската окупаторска власт.
„Македонија нема за што да се извинува на Бугарија, но Бугарија има! А Заев нема мандат ниту за капитулација, ниту за амнезија“, вели Милчин.
Реакцијата на Милчин уследи по изјавата на поранешниот бугарски амбасадор во Македонија, Александар Јорданов, кој тврдел дека Илинденското востание е настан од бугарската историја.