Од корона почина 27 годишен кумановец

Дваесет и седумгодишно момче од Куманово заразено со Ковид-19 почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје, потврдуваат од Министерството за здравство.

Според информациите од таму пациентот немал хронични заболувања, освен покачена телесна тежина.

Пред да биде донесен на Клиниката, шест дена пациентот се лекувал дома, четири дена бил под надзор на матичен лекар, а два дена бил лекуван амбулантски во кумановската болница.

„Поради нагло влошување на состојбата и пад на сатурацијата до 50 отсто пациентот е префрлен на Клиниката во Скопје во исклучително тешка состојба, каде беше ставен на неинванзивна вентилација. Пациентот немаше хронични заболувања освен покачена телесна тежина, велат од Министерството за здравство.

Total
0
Shares
Поврзани објави