Видео: Големи поплави во Далмација, Трогир и Каштели под вода

Веќе трет ден силен медитерански циклон влијае на временските прилики на целиот Јадран. Нискиот притисок на воздухот предизвика циклонска плима, така што нивото на морето е за неколку десетици сантиметри над нормалното.

Како што пишува „Далмација данас“, поплавени се Каштели и Трогир.

Локалните медиуми јавуваат дека локалното население се обидува да го заштити тоа што може да се спаси од куќите, градејќи „зајачки насипи“.

Во тоа им помагаат членови на хрватската планинска служба и работници од „Водопривреда“.

Total
0
Shares
Поврзани објави