Градоначалникот на Зелениково пријавен дека физички нападнал жена

Градоначалникот на Зелениково Борче Гиевски физички нападнал жена од општината која барала прием кај него. Како што стои во полицискиот билтен, жената го пријавила случајот во полиција, а нападот според неа се случил вчера попладнето. Според информаците на Алфа, скопјанката долго време чекала прием кај градоначалникот кој одбивал да се сретне со неа, кога и вчера одбил да ја прими во кабинет, таа исистирала да влезе кај Гиевски, тропнала на врата, од неговиот кабинет, по што влегла внтаре. Според нејзиното кажување Гиевски почнал да ја турка насила да излезе од кабинетот, со што ја повредил на десната рака. Лекар во болницата Наум Охридски, кај жената констатирал телесна повреда. Оштетената за нападот алармираше и на социјалната мрежа Фејсбук.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

ПРВА ОПЕРАЦИЈА НА МОЗОК ВО БУДНА СОСТОЈБА: Елитна оперативна постапка на екпертски тим од Клиничкиот центар на Србија врз 19-годишно момче

Експерти од Клиниката за неврохирургија и неврологија при Универзитетскиот клинички центар на Србија извршија неколкучасовна хируршка интервенција за…