Од црн џип испукани 90 куршуми во „голфот “на убиениот Камер Идризи во Бутел

Скопјанецот Камер Идризи (42) и негов роднина се убиените вечерва во населбата Бутел 2, дознава 24 Инфо. Мотивите за убиството на Идризи, кој во Бутел е познат како Камбер, и тоа на големиот верски празник Рамазан Бајрам за сега не се познати.

Голем број полициски екипи се на терен во потрага по убијците, а местото го обезбедуваат припадници на ЕБР додека форензичарите го прегледуваат теренот околу изрешетаниот автомобил „голф 7“ во кој биле убиените.

Двојното убиство се случило околу 21 часот на паркингот од социјалните згради во близина на крстосницата на булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина.

Foto izvor 24info

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Актерката Силвија Стојановска осудена на 3 и пол години затвор за транспорт на 700 килограми кокаин – до правосилност на пресуда оди на слобода

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија, Шпанија.…