Вечерва се случи тешка сообраќајка во скопската населба Аеродром кога на пешачкиот премин пред полициската станица, од автомобил биле удрени баба, дедо и нивното внуче. Сведоци на несреќата велат дека детето морале да го вадат под автомобилот. Бабата била тешко повреденеа заради што на самото моесто морало да ја реанимираат. Детето било однесено со брза помош веднаш после бабата. Дедото со тупаници се удираал по главата и лелекал.
Сообраќајката предивика лавина реакции на социјалните мрежи а локалните жители му пишаа и на градоначалникот Златко Марин.
“Ве молам, заземете се веднаш, да поставите семафори на тој пешачки премин. Растојанието, од едните до другите семафори, е големо. Да се премине пешачкиот премин на тоа место, е еднакво на добивка 7ца на Лото. Многу деца, одат на училиште од другата страна на булеварот, кон Аеродром, и обратно. Се надевам, дека сериозно ќе го разгледате овој предлог, и ќе го ставите на листата со приоритети. Сите родители се потписаа два пати на две петиции за истото да се постават семафори на Булеварот Трета Македонска бригада пред училиштето Димитар Македонски. Еве девет години залудно чекаме семафори.АМа освен лажење пред избори ни една власт со прст не мрдна. Уте ни е во сеќавање загинатата четвородоеленка”, пишуваат жителите на овој дел од градот.
Поврзани објави
(ВИДЕО) Уапсени членови на меѓународна група за шверц на дрога
Полицијата во текот на ноќта спровела апсења на патот кон Сопиште, на раскрсница кај Бит-пазар, во Ѓорче Петров,…
“Политика”: Груевски патувал во авион со шешир и очила за сонце
Белградскиот весник Политика објавува дека поранешниот премиер Никола Груевски избегал во Унгарија преку Албанија. Весникот пишува дека Груевски…
Драматично спасување во Кавадарци: Чичко помогни ми, татко ми не диши, а мене се ме боли!
Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на патот Дреново – Кавадарци, кога возило во кое се превезувале татко…
Приведена актерката Силвија Стојановска во врска со заплена на кокаин во Шпанија
Актерката Силвија Стојановска е приведена и се очекува одредување притвор во врска со заплена на кокаин во Шпанија.…