Филипче: Пациентката врз која беше извршена трансплантацијата на срце најпрво се исплаши и ја одби операцијата

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека пациентката прво ја одбила трансплантацијата на срцце.

-Оваа пациентка која сега се трансплантираше беше на првото место на листата на трансплантација и претходниот период, меѓутоа се исплаши и одби, рече Филипче во гостувањето на Телма за третата трансплантација на срце во историјата на Македонија.

Според него, сега кога се понудила повторна шанса за да добие срце, пациентката била повторно контактирана и овој пат прифатила.

-Кажа дека не можела да си прости што претходниот пат одбила трансплантација. Сепак, станува збор за пациенти без друга опција, на кои трансплантацијата им е единствен пат, за да го продолжат животот. Тие дури не се кандидати за механички срца, додаде Филипче.

Операцијата беше извршена врз 39 годишна жена, со вродена срцева маана, кoја подолго време чекаше донор. Тешката операција трaеше 5 часа.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Откриено од каков вид на рак почина Саша Поповиќ – една од најподмолните и најопасни болести – неговите последни зборови биле: Лошо сум, но се борам

Саша Поповиќ почина вчера во Париз на 70-годишна возраст, опкружен со сопругата Сузана и потесното семејство. Саша Поповиќ…