Поради голем интерес, концертот на ,,Рибља чорба” во Скопје на нова локација

Огромниот интерес на публиката за најавениот концерт во Скопје на Бора и ,,Рибља чорба” ја менува првичната локација. Наместо да се одржи на отворениот простор пред А1 арената, ќе се случи на паркингот кој граничи со Аква паркот, на 27-ми јуни.

-Локацијата собира 15.000 посетители и тоа ни овозможува да пуштиме дополнителни 1.000 влезници во продажба, бидејќи планираните 2.500 се пред распродавање. Тоа значи дека ќе се користи само 30% од капацитетот што овозможува исполнување на протоколите- појаснуваат од Авалон Продукција, кои се организатори на концертот.

Total
0
Shares
Поврзани објави