Пановски: Ми е срам од изјавата на Филипче

Професорот на Медицинскиот факултет во Скопје, и поранешен директор на Фондот за здравство, Никола Пановски во интервјуто за порталот Призма вели дека не е научно базирано владиното инсистирање со две дози од вакцините да се вакцинираат сите кои веќе имаат прележано корона.

Според Пановски, неколку странски трудови и еден труд од Медицинскиот факултет во Скопје покажале дека една доза од вакцината фајзер ( таа била испитувана, вели тој ) била доволна за тие што веќе ја прележале болеста.

Како што вели тој во интервјуто за Призма, не може еден ден по објавата на тој труд на Медицинскиот фалултет, да излезе министерот за здравство, Венко Филипче, кој е неврохирург и да кажува дека мора да се примат две дози.

Што сака да каже? дека не го прочитал трудот или дека не го признава трудот, прашува Пановски?

Јас не сум се чуствувал така лошо по таа изјава на министерот, уште откако претстедателот Ѓорги Иванов даде аболиција. Тогаш ми беше срам дека сум професор како претседателот, кој си ја понижи струката. Така и вчера се чуствував, вели Пановски во интервјуто за Призма.

Total
0
Shares
Поврзани објави