Во струшко полицијата пронашла сандаци со муниција за калашников

Полицијата денеска извести дека вчера пронашла муниција за рачни фрлачи и автоматска пушка во нива во близина на патниот правец помеѓу селата Калиште и Франгово во Струга.

„По оперативни сознанија пронајдени се 138 гранати за рачен фрлач на гранати, 41 метални сандаци со муниција со калибар 7,62 и 12,7 мм, 30 испукувачи РПГ, 130 полнења за гранати, 760 парчиња куршуми со калибар 20мм“, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Полицијата тврди дека е известено е Основното јавно обвинителство –Струга и Дирекцијата за заштита и спасување и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави