Пеле е во стабилна состојба по респираторните проблеми

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле (80) е во стабилна состојба, откако поради респираторни проблеми вчера беше вратен на одделот за интензивна нега, соопшти денеска болницата во Сао Паоло, каде претходно му беше извршена операција за отстранување тумор од дебелото црево.

Пеле беше опериран претходно овој месец и до вторникот беше на одделот за интензивна нега. Меѓутоа, загриженоста околу здравјето на трикратниот светски првак и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, се зголеми откако бразилските медиуми вчера објавија дека Пеле е вратен на одделот за интензивна нега.

Total
0
Shares
Поврзани објави