“Ексминистерката Гордaна Јанкулоска го поттикнала помошник- министерот Ѓоко Поповски, екстралуксузното возило да се даде на користење на тогашниот премиер Никола Груевски бидејќи тој сакал да има такво возило. бараме осудителна пресуда”, рече обвинителката Фатиме Фетаи на крајот од рочиштето за набавка на блиндираниот мерцедес за кој Никола Груевски доби две годишна затвроска казна.
Според обвинителката, поранешната министерка за внатрешни работи инсистирала информацијата за набавениот „мерцедес“ да се чува во тајност и надвор од МВР, за да не го гледале вработените и јавноста.
Покрај другото, обвинителката Фетаи во завршните зборови рече дека техничките спецификации за возилото „мерцедес ес 600 гард“, претходно по пошта биле доставени до Поповски, за да се направи тендер идеален само за овој автомобил, исфрлувајќи ги другите конкурентски автомобили.
„Груевски Јанкулоска и Поповски свесно ги презеле дејствијата знаејќи дека се противзаконски“, рече Фетаи.
Обвинителот Стевчо Донев појасни дека вината на обвинетата Гордана Јанкулоска се докажува преку изнесените телефонски разговори од кои може да се слушне како ексминистерката заедно со поранешниот премиер Никола Груевски и заменик-министерот Ѓоко Поповски ја договараат целата постапка за набавка на екстралуксузното возило при што се фаворизира операторот „Макаутостар“.
Донев истакна дека МВР навистина имало потреба од ново блиндирано возило и доказ за тоа е распишаниот тендер за набавка на старо блиндирано возило во вредност од 22 милиони денари со поминати 15 илјади километри.
За овој тендер до истекот на рокот не било пријавено ниту едно возило па од МВР наместо да ја повторат постапката со исти спецификации за бараното возило, оттаму се решиле да набават ново возило. Првично биле предвидени 15 милиони денари, што е помалку од првичната сума што била планирана да се издвои за половно возило, но потоа го зголемиле износот на 30 милиони денари.
„Оваа постапка се води во исклучителни околности за мене. Постои пристрасност кај мнозинството од судечкиот совет кој јавно искажа став дека сум виновна уште при носење на пресудата за Ѓоко Поповски и Никола Груевски. Дополнителна околност за пристрасност е носење на одлука во експресен период. На почетокот на процесот требаше да се грижам за дете кое имаше 2 месеца, а сега на крајот има 3 месеца“, рече Јанкулоска во својот завршен збор со растревожен глас. Пресудата ќе биде соопштена на 8 октомври.
Поврзани објави
Врховен суд со кривична за Неделкова, ја сомничи за фалсификување документи поврзани со работата на СЈО
Врховниот суд денеска соопшти дека поради сомнеж за фалсификување документи од поранешниот пртеседател на судот Лидија Неделкова ,…
На пратеникот Милошоски ќе му се суди за продажба на објект
Основниот кривичен суд соопшти дека обвинението за случај „Моќник“ против 13 лица, меѓу кои се и пратеникот на…
ЕКСКЛУЗИВНО : Мери Дика по влашка линија нов претседател на Апелација?
Вчера Судскиот совет на седница избираше член на советот на местото на Беќир Шаини. Избран е Сашо Ѓеоргиев…
Незаконски постапки и внатрешни превирања се причините за оставките на судиите од Судски совет
На судиите Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска-Стефкова им престанаа мандатите во Судскиот совет. Едногласно беше донесена одлуката од…