Вчера Судскиот совет на седница избираше член на советот на местото на Беќир Шаини. Избран е Сашо Ѓеоргиев од Штип близок до врвот на сегашната владеачка гарнитура. Членот е биран со бадентер бидејќи се бира место кое припаѓа на националностите.
Кандидати за ова место беа Насер Хаџиахмет Агиќ од Кривичен , Сафет Кадриу од Апелација Скопје , Сулејман Мемети од Скопје 1 и уште еден кандидат.
Според сознанија на dosie.mk избран е Сашо Ѓоргиев од Штип оти СДСМ и ДУИ се испазариле за главен државен правобранител да биде избран Фехми Стафа службеник од Кривичен суд , а за член на Судски совет Влав по националност бидејќи е малцинска листа.
Албанците го отстапиле ова место , бидејќи веројатно Мери Дика која е влаинка ќе биде сериозен кандидат за претседател на Апелација Скопје, а на нејзино место ќе дојде албанец . Сега по “бадентер” во Судски совет со најнвиот избор заедно има тројца власи и тројца албанци.
До скоро најсериозен кандидат за оваа позиција беше поранешната претседателка на Кривичен суд Добрила Кацраска.
Поврзани објави
Судијата Панчевски поднесе кривична пријава за претседателката на Антикорупциска
Двајца членови на Антикорупциска – претседателката Билјана Ивановска и членот Софка Пејовска Дојчиновска на самиот старт од нивната…
Скандалозна одлука во скопски суд: Судија казнил адвокат навреден од поднесена жалба на пресуда
Со парична казна од 700 евра била казнет адвокат од судија во Основниот суд 2 во Скопје ,…
Протест во Скопје поради смртта на осуденик на доживотен затвор за убиство на полицаец
Денеска во 13.30 часот се очекува да започне протестен марш заради смртта на Реџаил Ќерими, кој беше осуден…
Адвокатот Димишков сведок во случајот “Рекет” – Камчев сакаше да ме ангажира за да ја тргне сестра ми од “Империја”
Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката на претходна постапка во Основниот кривичен суд, Весна Димишкова, денеска сведочи во…