Скопската Противпожарна бригада вечерва изгасна пожар во стан во нова зграда на улица „Методиј Шаторов-Шарло“ во Аеродром, во кој загинала повозрасна неподвижна жена.Командантот на Противпожарната бригада Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот го зафатил делот со креветот каде лежела жената, која била сама во станот и поради тешката здравствена состојба не можела да побегне.Од МВР информираат дека околу 21 часот полицијата добила пријава за пожар во стан на ул. „Методија Шаторов – Шарло“, сопственост на М.Ш.(1955) која била во станот и починала.-Од страна на доктор во 21:30 часот констатирана е смрт. Пожарот е изгаснат од страна на БППЗ. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција, велат за МИА од МВР.Екипа на Министерството за внатрешни работи и Јавен обвинител вршат увид во опожарениот стан кај починатата.
Поврзани објави
Трајче Пеливанов на местото на суспендираната Русковска
Трајче Пеливанов во наредниот период ќе раководи со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на местосто…
Сергеј Лавров сака да дојде на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, Османи стравува за иднината на организацијата
Актуелниот претседавач, шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска ја посети локацијата – салата Борис Трајковски во Скопје каде…
Промена на конфигурациајата, причина за падот на услугите на Фејсбук
Фејсбук соопшти дека неговите услуги делумно се враќаат на интернет по шестчасовен прекин што ја запре комуникацијата за…
На Бујар Османи и Валбона им се роди синот Лав
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и неговата сопруга Валбона добија син. “Со срца исполнети со радост и…