За седум часа приведени 39 жени од кои 26 странски државјанки работнички во ноќни клубови

На 26/27.01.2019 година во временскиот период од 22,00 до 04,00 полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Тетово во содејство со повеќе организациски единци во МВР, како и надлежни инспекциски служби при УЈП, Трудова и Пазарна инспекција, на подрачјето на СВР Тетово спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти каде престојуваат и нелегално се вработени странски државјани, како и за откривање на други кривични дела.

При акциската контрола опфатени се пет угостителски објекти од кои три на подрачјето на Тетово и два на гостиварското подрачје. При контролата во угостителските објекти затекнати беа вкупно 39 женски лица од кои 13 се државјанки на Р. Македонија како и 26 странски државјанки од кои 11 се државјанки на Р.Србија, девет се државјанки на Р.Албанија, четири државјанки на Р.Бугарија, една државјанка на Босна и Херцеговина и една државјанка на Р.Косово. Затекнатите лица се на возраст од 20 до 46 години. Лицата се приведени и задржани за понатамошна постапка.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Тошковски: 100 илјади граѓани ќе останат без право на глас доколку Собранието не го регулира начинот на идентификација при гласање

Министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски во гостувањето на утринската емисија на „Слободен печат“ апелира…