Заклучок на бугарската истрага за несреќата на автобусот на „Беса транс“: Шоферот е виновен

Возачот на автобусот на „Беса транс“ е виновен за несреќата на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 лица, објави Борислав Сарафов, заменик на бугарскиот главен обвинител на Бугарија, како финален заклучок од истрагата што се водеше во Бугарија.

Причина за несреќата е губење на контрола на возачот врз автобусот. И високата, да речам несоодветна, брзина која, сепак, не била над дозволената, изјави Сарафов, пренесува дневник.бг.

Обвинителот вели дека по ова, останува да бидат известени роднините на загинатите, кои имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата.

Автобусот на „Беса транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември. Веднаш по ударот, автобусот се запали, а во стравичната несреќа загинаа 45 патници додека седум лица преживеаја.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Пендаровски бара организаторите во Тетово и Чаир каде имаше провокативна националистичка иконографија законски да се санкционираат

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски утрово испрати реакција по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти, каде во…