Затворската казна од 2 години за експремиерот Никола Груевски ја потврди Апелациониот суд Скопје. Казната е за незаконито влијание на обвинетиот Груевски за набавката на луксузниот „мерцедес С-600 гард“. Казната на осудениот Ѓоко Поповски му е намалена од шест и пол н ачетири години и шест месеци затвро.
„Жалбите на обвинетиот Н.Г. од С. изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост.
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-23/18, познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот Ѓ.П. од С. делумно ја уважи на начин што ја преиначи во делот на одлуката за казната и го осуди на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди“, соопшти Апелациониот суд во Скопје.
Во 2011, МВР донело одлука за купување блиндирано возило најмногу до 243.000 евра, поради осиромашениот буџет на министерството, но под влијание на тогашниот премиер Никола Груевски со барања за луксуз, Гордана Јанкулоска како министер потпишала одлука за набавка на ново возило од речиси 600 илјади евра.
Поврзани објави
Боки 13: На кого му одговара мојата ликвидација и да не се дозне вистината за Рекет!Русковска знае
Денеска во Кривичниот суд Бојан Јовановски и кажа да судиката дека врз него се врши дрискирминација и загрзовување…
Пандорината кутија на Боки Вилма ја затвори!
По вчерашната најава дека разговорите снимени од УСБ то на Кичеец денеска јавноста ќе ги чуе обвинителката Вилма…
ДОСТОВСКИ : И луѓе на обвинителката се лечат со моето масло од канабис
Активистот Филип Достовски се сомнева во фер постапка во Кривичниот суд каде треба да му се суди за…
Конзул, бизнисмен и адвокат сведочат за “Рекет” – 2 милиони евра и нема предмети во СЈО
Адвокатот Сашко Бошков, кој е и доскорашен неизвршниот член на Одоборот на директори на штипски „Бетон“ во стечај…