Анонимус ѝ објави војна на руската влада, ги сруши страниците на Раша тудеј, Кремљ, Думата…

„Анонимус официјално е во сајбер-војна против руската влада“, напишаа тие на Твитер.

Хакерските активисти собрани во колективот Анонимус немаат раководство ниту се знае кои се членовите. Нивното мото е „Ние сме мноштвото“, што значи дека се голем број поединци. Бидејќи нема раководна структура, секој може да тврди дека е нивен член. Тоа исто така значи дека нивните членови може да имаат различни цели бидејќи немаат агенда.

Тие синоќа издадоа и предупредување дека руската армија се подготвува да го ракетира Киев, што неколку часа подоцна и се случи.

Во Киев одекнуваат експлозии од 4:30 часот утрово по локално време.

Вчера Анонимус ја хакираше и ја собори страницата на Путиновата државна телевизија Раша тудеј. Страниците на РТ беа привремено недостапни.

И веб-страниците на руската влада, Кремљ, Думата, Министерството за одбрана беа погодени од сајбер-напади, при што некои од веб-локациите беа забавени, а други беа отстранети од интернет на подолг период во текот на денот.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Кирк Даглас замина во вечноста

Најдолговечната холивудска легенда, Кирк Даглас, почина на 103 години, соопшти неговото семејство. Неговиот син, Мајкл Даглас, ја објави…
Повеќе

Цеца во постела од рози

Балканската звезда на вечерта на деновите на штипска пастрмајлијада беше Цеца која за настапот се подготвувала во елитниот…