ИТНО : Доброволци со џип , дрон, опрема за снежни услови – се бара 10 годишниот Петар изгубен во Врбско – Прилеп !!! ФОТО

На социјалните мрежи се споделува апел за помош да се најде 10 годишниот Петар кој е изгубен во атарот на село Врпско – Прилеп.

Во тек е потрега по исчезнато 10-годишно дете во Мариово, а потребна е помош од луѓе со теренски возила бидејки денеска врни снег и сите патишта се скоро непороодни. Исто така потребно е и дрон со кој активностите на потрагата би биле поефикасни.

Теренот го пребаруваат членови на Спасителната служба „Златоврв” заедно со група на прилепски ловџии.

Дедето го снемало пред вда дена околу 16 часот во атарот на селото Врпско, во прилепско Мариово. Неговото семејство апелира за помош секој кој може вечерва да појде во Мариово и доколку го познава теренот да помогне во потрагата која што е во тек.

Спасе Чакрески, жител на село Витолиште за Инфо Компас истакна дека станува збор за екстремно опасен терен и потенцираше дека ситуацијата дополнително ја усложнува тоа што детето е со посебни потреби.

Малиот Петар е загубен околу 16 часот, кога од дворот се упатил во непознат правец. Тие се жители на Прилеп, но во Врпско чуваат пчели. Ние неколку часа сме на терен заедно со полицијата и семејството, но засега нема никакви траги од детето. Упатувам апел секој кој го познава теренот да дојде и да помогне во потрагата. Оваа вечер можеби е пресудна за детето, бидејќи надвор е екстремно ладно, а детето заминало само по една блуза. Тука во близина е и реката Црна”, вели Чакрески.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Весна Ѓиновска-Илкова: За состојбата на братот, за нејзините часови за техники на дишење во дом за стари ни немоќни лица …

Примадоната на Националната опера и балет (НОБ) и професорка на Факултетот за музичка уметност Весна Ѓиновска-Илкова, држи часови…