“Ова е во Охрид, сабајлево го виделе душево расцепено со секира како сето уплашено лута. Локацијата е кај егејските згради, се движело на потег накај ресторан Гурман. Замолувам некој да го лоцира поубаво и да учиниме обид да го заловиме некако, во земјава нема служби за вакви случаи па должни сме ние граѓаните совесни нештава да ги превземаме во свои раце и на ризик да се изложуваме (ризик од евентуално каснување или ризик од бркање на работа жртвувајќи го работното време за да спасиш нечиј живот). Ова е втор случај на удар со секира во рок од недела дена, за оној првиот во Скопје уште изостанува истрага и евентуално осомничено лице, и тоа само кажува дека злото од овој вид се толерира и поттикнува од државата и нема да е далеку денот кога и уште еден ваков случај ќе посведочиме (да не зборувам за двата случаи во скопско Драчево на сечени мачиња на пола).
Воедно, замолувам за доверлива информација (случајот ќе го пријавам лично самиот, па нема да ве изложам на ризик ако се плашите) доколку знаете кој ова му го учинил и би идел до крај за да овој монструозен лик не помине само со парична казна но и да полежи в затвор (законот за заштита и благосостојба на животни и кривичниот закон тоа и го налагаат). Замолувам и да собереме донација која ќе биде употребена како награда (да речеме 100 или 200 евра) за сведокот полесно да се реши да го обелодени сторителот на ова грозоморно дејание оти не е далеку и денот кога таа секира и кон човек ќе ја насочи, психата човечка е таква”, објави охриганец на својот ФБ профил.
Според последните информации кучето е спасено однесено на ветеринар, а се трага по човекот кој со секира му ја расцепил главта. Понудена е и награда од 200 евра за оној кој ќе помогне да се пронајде монструмот.
Поврзани објави
ФОТО: Тројца загинаа двајца критично, судар на камион и автомобил кај Драчево
Вечерва пред влезот на скопската населба Драчево се случи тешкаа сообраќајка во која настрадаа петмина. Според информации на…
Фатен стружанец во кајче како сече трска
На 16.03.2019 година двете лица се забележани како уништуваат добро под привремена заштита, односно природна реткост. Имено, еден…
120 евра казна за брзо возење на електричен тротинет
Казна ако не се носи елек е 50 евра, за движење по улица 80 евра, а доколку се…
Финасова полиција: Тодоровиќ вратил на Општина Центар злоупотребени пари за мостот “ОКО”
Финасова полиција соопшти дека е расчистен случај за злоупотреба на државни пари за проектот Скопје 2014 и тоа…