Попладнево нови преговори на СОНК со Владата

Попладнево во 16 часот закажана е нова рунда преговори на СОНК со Владата, потврди синдикалниот лидер Јаким Неделков. На средбата ќе присуствува и Сусан Флокен, директор на Европската конфедерација на синдикатите на образованието која претпладнево изјави дека е дојдена во Скопје за да ја поддржи синдикалната борба на наставниците. Владата ќе биде претставена од премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Неделков претпладнево изјави дека има сигнали за попладневна средба во Владата и нагласи дека по евентуално добиена нова понуда ќе треба да се спроведе анкета меѓу членството дали се прифаќа.

Извесно е дека утре ќе продолжи штрајкот, рече Неделков и најави дека каков и да биде исходот од сондажата, јавноста ќе биде информирана.

Сусан Флокен рече дека Европската синдикална конфедерација чиј член е СОНК ја поддржува борбата на наставниците во Македонија и нагласи дека иднината на земјата е во образованието во кое, нагласи, треба да се инвестира.

Штрајкот СОНК го започна на 11 април, а на 20 април ги отфрли заклучоците на Владата од нејзината седница претходниот ден за покачување на платите за 10 проценти кое би стартувало со новиот ребаланс на буџетот кој во собраниска расправа би требало да влезе во текот на идниот месец.

СОНК бара покачување на платите за 18,4 проценти и усогласување на платите согласно колективните договори, односно дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Данела Арсовска најави за утре јавен повик за приватните превозници ,но и прашува : Дали е точно дека Мицкоски, Николоски, заедно со Заев и Филипче пред два месеци имале заеднички ручек во ресторан во Малешевијата каде се зборувало за уставните измени?

Јавниот градски превоз, го организираат органите на локалната самоуправа, а не приватни бизнисмени, политички партии или други интересни…