Протест за слобода на Ламбе – го откри велисипедот кој го фрлил и пријавил дека му е украден

Во Битола денеска, во организација на партијата Левица, во 18 часот ќе се одржи протест за поддршка на пејачот Ламбе Алабаковски.

Алабаковски се наоѓа во 8 дневен притвор за пожарот во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.

Според реакциите на граѓаните, се очекува голема присутност.

„И јас сум Ламбе“ e главното мото на социјалните мрежи каде јавноста изразува силна поддршка за македонскиот пејач. Дел од нив не го оправдуваат делото, но голем дел го поддржуваат како што посочуваат „поривот на Ламбе Алабакоски да го изрази својот револт за состојбата во која се наоѓа македонскиот народ“.

Алабакоски признал дека го извршил делото. Бил со велосипед кој го фрлил и пријавил дека му е украден. Поради двојното државјанство за да не побегне судија одлучи да му одреди притвор.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Воз излета од шини

Поради одрон на пругата кај Лакавица изутринава од шините се излизгал патничкиот воз што сообраќа на релација Кичево-Скопје,…