Девојче во Буково раскажало дека ја земал чичко од двор со кој се криеле и ја оставил на сред река

Девојчето кое исчезна пред неколку дена и беше најдено во Буково , очевидци тврдат дека било киндапирано од непознат маж. Детали околу настанот беа објавени на социјалните мрежи :

Луѓе,

Да ве известам сите, за да се заштитиме на време, оти ситуацијата е алармантна, и ова треба да се сподели насекаде, не само Буково, туку низ цела Битола и посебно околните села каде што има и други обиди.

Во Буково имаше ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ НА МАЛО ДЕТЕ

ЗАТОА, било која СОМНИТЕЛНА личност која се шета по улиците тука, застанете го прашајте го шо бара, од каде е, кај оди, шо сака.

Никој добронамерно не лута по улици тука нон – стоп, користејќи лаги дека само врви, разгледва, собира железо, бакар, боливач или деца……….

Ситуацијата беше страшна , фала му на ГОСПОД, детенцето е здраво и живо и ВРАТЕНО во близина на куќата – а на истото место сите неколку пати веќе пребараа, но сеуште непознатиот киднапер, го зел детето за рака и го однесол во шумата, кога истрчале и почнале да го бараат, се скриле во грмушките и му рекол да ќути ако сака да го однеси кај татко му.

Детето и само кажа дека го зел некој чичко од дворот но и дека се криеле и дека на крајот после повеќе од 2 ипол часа го вратил и го оставил во реката каде што и беше пронајдено, на сред река во водата… Сторителот мора да се пронајди. Нудиме 100.000EUR за тој што ќе кажи информација со која ќе се фати сторителот.

ЧУВАЈТЕ СЕ И ЧУВАЈТЕ ГИ ДЕЦАТА!

споделено во ФБ група Буковска Фамилија

Total
0
Shares
Поврзани објави