Ѓоргиев: Препораките на комисијата не ги допираат идентитетските прашања

Препораките за заедничко одбележување на историски личности не ги допираат идентитеските прашања, треба да се разграничуваат сегашните и идентите во средниот век, ние не навлеговме во идентитетот на цар Самоил и не може сите фактографски податоци да ги вметнеме во текстовите, порача копретседателот на историската комисија, Драги Ѓоргиев во интервју за Сител. Тој, како што рече, има повеќе толкувања, но во светската медијавистика за цар Самоил доминантна е една теза.

„Консултирамве многу голема литература, наши колеги и она што е доминантно во светската медијавистика е тезата дека цар Самоил ја продолжува традицијата на бугарската државна и црковна традиција. Ние никаде не навлеговме во идентитетот на цар Самоил дали е тој Бугарин. Третирањето на бугарското царство овде е на една средновековна империја на чие чело во еден период е цар Самоил и која најголем дел од медијавистите ја третираат како продолжение на првото бугарско царство“,

изјави Ѓоргиев.
Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Антикриорупциска комисија: Министерот Филипче може да го смени од функција директорот на Центарот за јавно здравје Зибери

„Четири месеци градиме доверба и работиме транспарентно. Во ниеден момент не донесовме политички мотивирани одлуки и ова вие добро го знаете. Вашата изјава е неточна, штетна и пред сѐ неколегијална, што исклучително ме загрижува“, вели министерот Филипче во одговор на обвинувањата од директорот Зибери
Повеќе

Директорот на скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ Ангеле Сотировски денеска поднесе неотповиклива оставка

Сотировски е кадар на Социјалистичката партија, која е коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Директорот на скопското јавно претпријатие „Паркови…