Скопско основно училиште е мета на постојани напади од крадци кои им ја крадат опремата на децата и опремата на училиштето. Надлежните постојано ја алармираат полицијата но крадците не се откриени. Во училиштето се сомневаат дека крадењата се наместени и исценирани оти директорката е партиски поставена од претходно оштинско раководство.
Засега dosie.mk нема да го открива името на училиштето додека тужбата не биде поднесена и не стигне официјален став од училиштето и полицијата. Училиштето е во скопскта населба Карпош.
Пред десетина дена бил регистриран и голем инцидент кога родител дошол во училиштето и натепал туѓо дете кое го тепало неговото. Интервенирала полицијата, но кавгата не престанала па и родителите меѓу себе се степале.
Но најдебелиот крај на препукувањата сепак го трпат децата. Пред само една седмица била регистрирана последната кражба кога од училиштето биле украдени ранци и лап топ компјутери. Ваква кражба се случува втор пат во истото училиште за само кратко време, велат нашите соговорници. Училиштето иако има сопствено обезбедување сепак постојано наставниците реагираат на тепачки меѓу децата и се приморани да повикуваат полиција, кој апак овие инциденти не ги регистрира во дневните билтени.
Дека кражбите во училиштето се сомнителни упатува и начинот на кој се извршени како последната кога крадците влегле преку отворен прозор во една од училниците.
Поголема група родители најавуваат тужба за училиштето , која нема да биде прва.
Поврзани објави
Почина Југослав кој вчера очајно бараше помош за лекување од Ковид-19
Југослав полина од последица на Ковид 10. Ве молиме не полаќајте повеќе средства, а претходно уплатените средства во…
Момчето кое го доби срцето на почината Верица се виде со семејстсвото
Семејството на младиот Иле врз кого ноќеска беше извршена успешна трансплантација на срце, изрази сочувство и огромна благодардност…
Видео: Доктор Џеки од Теарце со подвижна амбуланта помага на терен
Во тетовско Теарце, изминатата недела работник кој паднал од бандера, ја скршил ногата и имал потрес на мозокот.…
Фото галерија: Дете во тешка здраствена состојба од Клиника замина на лекување во Италија
Специјален медицински тим од Институтот “Џанина Џаслини” од Џенова – Италија, денеска од Универзитетската клиника за детски болести…