Маж и жена се приведени на скопскиот аеродром, биле барани со потерници

Денеска (24.11.2022) на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода М.Б.(36) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 197 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Денеска (24.11.2022) на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ја лишиле од слобода Ѓ.Р.(37) од Скопје. Таа била барана по централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 197 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Општина Стумица со реакција: Општина Струмица бара унифицирана и законски уредена висина на плата на пожарникарите на ниво на држава, а не намалување на платите на пожарникарите

Општина Струмица до порталот Досие достави :Реакција на текстот со наслов „Општина Струмица прави споменици на жртви на…