После седум години од разводот некогашниот брачен пар Алачки повторно во центарот на интересот на јавноста. Тие можеби ќе се сретнат и на суд поради презимето Алачки. Иако разведени Андријана го користи презимето на поранешниот сопруг кој пак сега е во врска со познатата водителка Марина Дојчиновска. Горан Алачки до некои медиуми испратил писмо во кое вели:
“Презимето Алачки не смее никој да го злоупотребува. Време е медиумите да не го употребуваат моето презиме конкретно со мојата бивша сопруга која го користи мојот бренд за медумска популарност, односно моето презиме. Нејазиното презиме е Атанасовска. Инаку таа никогаш не била Алачки туку Алачка во сите исправи и во пасош”, изјавил Горан.
По долги години мирен живот организација на свадба и заедничко внуче од ќерката прв пат во јавноста се појавува ваква позивка која доколку Алачка не го смени презимето ќе заврши пред суд. Горан тврди дека презимето му е бренд и допрва треба да се провери дали е патентирано со авторски права и како бренд.
Алачка стана ултра популарна со нејзиното етно готвење и поршетки по светот промовирајќи ја македонска традиционална кујна.
Поврзани објави
Демант на Кривичен суд
По барање на Основниот суд 1 во Скопје го објавуваме следниот демант во целост. Досие се извинува за…
Активистот Достовски доби условна казна: Ова значи дека ќе одам во затвор оти ќе го повторам делото
Адвокатот посочи дека Достовски не го сторил делото и затоа не се задоволни од одлуката на судот и…
Камчев бара 1,5 милиони евра од Боки 13, Јанева и државата
Бизнисменот Орце Камчев бара Бојан Јовановски, Катица Јанева и државата да му надоместат 1,5 милион евра, поради што ги тужи пред Граѓанскиот суд, објави „Фокус“.…
Одбраната на Даравелски бара ново судење
Одбраната на осудениот поранешен прв цариник Драган Даравелски побара повторување на судската постапка по неговото вчерашно апсење на…