Бугарското Собрание со резолуција ја осуди омразата кон Бугарите во Макеоднија

Собранието на Бугарија ја осуди антибугарската кампања во Северна Македонија и тепањето на, како што се вели во резоулцијата, Бугаринот Христијан Пендиков.

Пратениците усвоија декларација со која се спротивставуваат на актите на насилство врз бугарските Македонци. Успеаа да се обединат и да го усвојат текстот без контроверзии, без расправа и едногласно со 184 гласа „за“ и само еден воздржан.

„Категорично ги осудуваме манифестациите и повиците на насилство врз Бугарите во РСМ, нивните организации и клубови, а особено тешкото злосторство врз Бугаринот Христијан Пендиков и цврсто инсистираме на преземање систематски мерки од сите институции за откривање и доведување на сторителите.пред лицето на правдата.

Го осудуваме говорот на омраза против локалните Бугари и Бугарија, како и нивните манифестации во политичката, јавната и медиумската средина.

Ги повикуваме властите во РСМ за ефикасни мерки за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза во сите облици и манифестации против бугарските граѓани и оние со бугарска самосвест.

Го отфрламе континуираното негирање, омаловажување и отклонување на одговорноста за постоењето на проблем со правата и безбедноста на Бугарите во РСМ.

Се спротивставуваме на трајното неспроведување на Договорот за пријателство и добрососедство и билатералните протоколи од 2019 и 2022 година“, се вели во соопштението.

Парламентот исто така изрази загриженост дека ескалацијата на антибугарската кампања може да го попречи процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на РСМ. Во резолуцијата има спротивставување и на, како што е објавено, дискриминаторските ограничувања на правото на здружување на Бугарите таму.

Текстот ги отфрла „лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во општеството, јавниот и политички простор на РСМ и ги прифаќа како намерно влевање омраза против Бугарија и Бугарите“.

Народното собрание ги повика граѓаните и институциите во РСМ да заземат јасен став и да инсистираат на потребните промени.

Total
0
Shares
Поврзани објави