Полицаец денес претпладне случајно убил емигрант кај Гевгелија додека се обидувал да совлада криумчар кај Гевгелија.
Макфакс пренесува дека криумчар го нападнал полицискиот службеник и се обидел да му го одземе пиштолот.
Во метежот полицаецот испукал од својот службен пиштол, а куршумот завршил во еден од емигрантите кој бил смртно погоден.
„Кај Касарна Гевгелија од страна на полициски службеници биле забележани патничко моторно возило „мерцедес“,управувано од К. Ј. (26) и патничко моторно возило „форд фокус“, управувано од С.Б. (51), двајцата од Скопје, во кои илегално се превезувале мигранти. Возилата биле запрени од страна на полициски службеници, по што возачите и мигрантите се обиделе да избегаат, а при тоа К.Ј. физички нападнал полициски службеник, обидувајќи се да му го одземе пиштолот“, гласи верзијата на МВР.
Двајцата криумчари се приведени, а исто така и осум емигранти. По расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.