Груевски од затвор не го спасува ни Стразбур

Ниту судот во Стразбур не може да го спаси eкс премиерот Никола Груевски од затвор за набавката на блиндираниот мерцедес и евентуални казни за изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и кинеските автопати, објави ТВ 24.

Во овие три процеси аболицијата нема никакво значење. Можните казни се неизбежни дури и во случај ЕСЧП да донесе одлука дека општата аболиција од Ѓорге Иванов во 2016-та е законска.

ТВ24 ги анализираше сите решенија кои ги доби од Вила Водно, потипшани од Иванов на 12 април 2016-та година. 

Поранешниот премиер и неговите најблиски луѓе тогаш Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Мартин Протоѓер се ослободени од гонење за над 100 кривични дела.

Рекордер по добиена милост по дела, односно 30 е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. 

Total
0
Shares
Поврзани објави