Силувал 6-годишно девојче, искористил што си играла со внука му – притвор за жител на Ресен

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава за кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик.

Постои основано сомнение дека пријавениот на 2. јуни во Ресен извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2017 година. 6-годишното девојче и нејзиното семејство биле соседи со сторителот.

Тој притоа искористил прилика додека жртвата, нејзината сестра и внуката на осомничениот заедно си играле.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека тој би можел да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и врз оштетеното дете или да го повтори делото.

Судијата го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Двајца каснати од кучиња

На 14.11.2019 во Полициското одделение Ропотово, Е.Е.(46) од с.Дебреште пријавил дека во с.Дебреште бил каснат од куче скитник…