ФОТО: Претрес во Сопиште, запленета дрога вредна 20.000 евра, приведен дилер

Денеска, полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште.

При претресот пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20.000 евра. Д.Ц. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Total
0
Shares
Поврзани објави