Деновиве Никола Груевски води трка со времето дали на осми ноември ќе се појави во затворот во Шутка на издржување на затворската казна од две години за влијание за набавка на мерцедес за потребите на тогашната Влада. Затворот Шутка во Скопје е известен за терминот кога Груевски треба да се појави, а истовремено неговите адвокати веќе поднеле молба за одложување на издржување на казната.
Судијата за извршување санкции од Кривичниот суд во Скопје има рок до четврток да одговори на молбата на адвокатите за одложување од три месеци на издржувањето на казната со образложение дека има обврски како пратеник и околу неговиот докторат.
Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера го доставил известувањето од судот за пресудата на пратеникот Груевски до претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања. Рокот од 15 дена за одржување на седница на оваа комисија тече од денеска.
Претседател на собраниската Комисија за мандатно имунитетни прашања е пратеникот Павле Богоевски. Комисијата треба да одлучи дали пратеникот Груевски по ваквата пресуда е „недостоен за вршење на пратеничката функција“ што е еден од условите според собранискиот Деловник за одземање на пратеничкиот мандат.
Доколку му буде одземен пратеничкиот мандат на Груевски, на негово место во Собранието, седнува наредниот на листата пратеници од коалицијата „За Македонија заедно“, кои беа кандидирани во оваа изборна единица.
Груевски се жали и до Врховниот суд и очекува преиспитување на пресудата за случајот „Тенк“.
Поврзани објави
Бензините 4.5, а дизелот поевтин за три денари
Според Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија која е задолжена за конверзија на светските проценти во наши,…
Нема јунак кој ќе ја урне дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“.
По двата пропаднати тендери на кои не се пријави ниту една фирма денес општина Чаир реши да ги…
Милошоски ќе носи бомби кај Рускоска
Утре во 9ч, на моја иницијатива, во обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, ќе остварам средба…
Оливер Драгоевиќ утринава замина во легендите
Утринава почина Оливер Драгоевиќ, легенда на хрватската музика. Една година по дијагностицирањето на карцином на плуќа почина на…