Видео – Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово

Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Република Северна Македонија, лоциран во Куманово. Веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело. Малолетникот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот СВР Куманово ќе поднесе кривична пријава по член 319 од КЗ до ОЈО Куманово.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Припадникот на српската војска кој учествуваше во судирот кај Ушче имал алкохол во крвта: Со оклопно возило преминал од другата страна на патот и убил три деца!

Припадниците на српските вооружени сили не смеат да имаат алкохол во крвта, односно алкотестот не смее да покажува…
Повеќе

Скопјанец убиен за 10.000 евра: Егзекуторите сметале дека ги предал обвинетите за масакрот кај Смиљковско Езеро

Обвителството за гонење организиран криминал и корупција (ЈОГОКК) вели дека ја разбило криминалната група „Беланоца-Барон“, контрагрупа на „Дуќанчик-Арачиново/Грчец“.…