Таравари денеска ќе ја објави кандидатурата за претседател на државата

Актуелниот претседател на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, денеска официјално ќе ја објави кандидатурата за претседател на државата.

Таравари, како што соопштија утрово од информативната служба на партијата, одлуката ќе ја соопшти на вонредна прес-конференција закажана во 10 часот, а која, според најавата, ќе се одржи на градскиот плоштад во Гостивар.

Неговата кандидатура, се наведува, е предлог на Претседателството на Алијанса за Албанците, а поддржана од опозициските партии на Албанците, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП).

На прес-конференцијата е најавено, односно ќе бидат присутни лидерите на трите партии од ЕСП – Изет Меџити (Демократско движење), Африм Гаши (Алтернатива) и Билал Касами (Движење Беса).

Дека гостиварскиот градоначалник и актуелен лидер на Алијанса ќе биде кандидат за градоначалник на опозицискиот блок на Албанците дел од медиумите објавија синоќа, повикувајќи се на свои извори, но сè до утрово официјална потврда од Таравари и неговите приврзаници во партијата немаше.

Сепак, претходно вчера, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, чија партија е дел од тројката опозициски партии на Албанците, објави дека името на претседателскиот кандидат со кој на изборите на 24 април ќе настапи коалицијaта е веќе познато, а во наредните денови ќе биде и јавно објавено. Додаде дека се работи за човек кој ги надминува етничките и политичките граници во земјава.

Total
0
Shares
Поврзани објави