Обвинителството отвора предмет за “гласот на Орце”

Обвинителството истражува како и од каде се објавени седумте аудио снимки на интернет, каде се слуша глас на бизнисмен сведок во случајот „Рекет“. Проверките треба да покажат дали разговорите на „Ју Тјуб“ се поставени од земјава или во странство. Дополнително обвинителството треба да утврди кој се крие зад профилот „U6e Big“ и дали станува збор за наменски отворен профил само за да се објават разговорите.

Аудио снимките се објавија во саботата или само еден ден откако во судница за „Рекет“ сведочеше оштетениот бизнисмен Орце Камчев. Во разговорите освен семејството Заеви, се споменува и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Да бидам искрен не ги слушав снимките, единствено ги читав, транскриптите по некои медиуми. Немам што да додадам или одземам. Тоа што е кажано во рамки на тие транскрипти е од извор кој МВР веднаш да го провери, како е настанато тоа снимање, што се последиците и веднаш да се преземат соодветни мерки од органите за прогон“, рече денеска Христијан Мицкоски.

Total
0
Shares
Поврзани објави