Аудиоснимка од прислушуван разговор помеѓу екс- министерката Гордана Јанкулоска и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков е нов доказ што го предложи Специјалното обвинителство во случајот „Сопот“. СЈО бара како сведоци да се сослушаат и 6-мина вработени во УБК кои ја работеле предистражната постапка за овој случај.
„Ние очекувавме дека ќе бидат предложени и круцијалните сведоци по овој предмет, а тоа се Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска, бидејќи тие се во разговорите, тоа е општо познато. Бидејќи тоа не го стори СЈО, ние како одбрна тоа сигурно ќе го предложиме“, изјави адвокатот Насер Рауфи.
На селаните со жителство во Сопот им се суди затоа што во март 2003-тата поставиле мина на патот Сушево- Сопот кога загинаа двајца војници на НАТО и еден цивил. Тие веќе се осудени но постапката се повторува поради нови докази и признание на сведок дека дал изнудена изјава.
Поврзани објави
Гори фабриката “Жито Битола”
Попладнево голем пожар избувна во фабрика која се наоѓа во индустрискиот дел на Битола. Според првични информации од…
Обвинение за Миленко за расизам
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен предлог против едно лице за сторено…
Двајца работници повредени во кругот на Железара
Двајца работници се повредени синоќа во кругот на Железара при истовар на песок. Полицијата соопшти дека работниците М.З.(50)…
Почина поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај
Во Тетово почина Томислав Стојановски-Бомбај, поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија и лидер на Демократската партија на…