По сообраќајката во која загина младата Фросина на Партизанска во Скопје обвинителството соопшти дека 20годишното момче возело брзо и поминало на црвено светло на семафор. Но исто така обвинителството откри детали за минатото на момчето кое според порталот Лидер колата со која ја прегази Фросина ја добил за 18ти роденден. Возел без возачка, но бил и познат во населбата Карпош дека поседува дрога . За ова се водело постапка и имало притвор но истиот судот го укинал. Во продолжение детали од таа постапка соопштени од обвинителството:
ОЈО Скопје поднесе обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор која по предлог на обвинителството беше определена од самиот старт на постапката, и тоа за две кривични дела од член 215 од Кривичниот законик – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која на обвинетиот му изрече – мерка упатување во воспитно -поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник.
Во текот на целата постапка, токму по предлог на јавниот обвинител лицето беше во притвор, а при изрекување на пресудата Судот ја укина притворската мерка за обезбедување.
Незадоволен од пресудата, имајќи го притоа предвид и претходното поведение на сторителот, јавниот обвинител вложи жалба и предметот е во жалбена постапка.