Затвореник од Шутка му го обезбедил телефонот на Јованов за 250 евра, полицаец несвесно помогнал во процесот

Возачот Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина Кулакова на булевар „Партизанска“, успеал да се снабди со телефон во затворот во Шутка, преку притвореник од Гевгелија, дознава „Скопје1“. Според затворски извори, уредот бил пренесен меѓу ќелии сокриен во пакување колачи. Оваа „услуга“ чинела 250 евра, а бидејќи Јованов немал средства во затворот, парите биле уплатени надвор, преку блиска роднина на притвореникот, од страна на лице од неговото опкружување.

Отворено останува прашањето како телефонот бил внесен во затворот, иако пратките за затворениците минуваат низ метал-детектори и строги контроли. Според правилниците, строго е забрането пренесување на предмети, дури и храна, од една ќелија во друга.

Веднаш по влегувањето во притвор, Јованов побарал телефон, но никој од останатите затвореници не сакал да му го даде. Сепак, информацијата стигнала до еден притвореник кој е во затворот подолго од една година, кој се понудил да го обезбеди телефонот во замена за финансиска надокнада.

Најголемиот предизвик бил пренесувањето на телефонот од една ќелија во друга. Според извори од затворот, во тоа помогнал дежурен затворски полицаец, кој, без да се посомнева, ја пренел опаковката со колачи во соседната ќелија. Притвореникот го замолил полицаецот да им однесе благо на „соседите“, тврдејќи дека немале, а тој ја исполнил молбата без дополнителни проверки.

Плаќањето за телефонот се извршило надвор од затворот, бидејќи Јованов немал пари внатре. Постојат информации за тоа кој точно ја извршил уплатата, но засега се знае само дека се работи за лице блиско до Јованов. Истрагата треба да открие кој и на кој начин го внел телефонот во затворот.

Со телефонот, Јованов контактирал со неговата девојка и родителите, разменувајќи пораки и телефонски повици. Меѓутоа, телефонот не останал во негова сопственост долго – друг затвореник го фотографирал додека го користи и почнал да се фали со фотографиите надвор од установата. Овие слики набрзо завршиле во јавноста, што довело до откривање на случајот.

Total
0
Shares
Related Posts