Игор Југ на распит во ЈО, синот на Мијалков повикан во полиција

Игор Југ денеска повторно во обвинителството. Според нашите информации тој од затворот Шутка е спроведен на распит во обвинителството како дел од истрагата која деновиве интензивно се работи околу настаните на 27 април. Додега Игор Југ е во ЈО , Јордан , синот на Сашо Мијалков поранешниот прв човек на УБК, е на распит во полициска станица во Кисела Вода. Иако требаше да се појави пред неколку недели поради патување во странство распитот е закажан за денеска. Полицијата го идентификува како еден од учесниците во настаните во Собранието од снимките од медиумите.
Игор Југ веќе е во притвор оти како дел од група на 27-ми април стаса до собраниската прес- сала каде беше извршен напад врз пратениците на актуелната власт. Во парламентот влегол преку предната врата која ја отворија пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, додека голем дел од насилниците со фантомки влегоа од задниот влез во Собранието. Беше препознатлив по црна маица со симболот на про-усташката организација ХОС, а беше забележан како подолго време ја држи раката на грбот под маицата по што се истражува дали бил вооружен со огнено оружје.
(К.М.)

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Мајката на Јелена која загина во сообраќајка била зад воланот на мостот „Гоце Делчев“, каде смртно настрада пешак

Нова трагедија во кумановското семејство Филиповиќ. Како што дознава „Слободен печат“, во сообраќајката во која денеска загина пешак на мостот…